Неколкумина полицајци се повредени во венецуелската престолнина Каракас, во експлозија за време на антивладини протести.
Денеска опозицијата во Венецуела излезе на нови протести против владата на Николас Мадуро. Ова се случува за време на изборите за Уставотворно собрание, кои беа осудени од опозицијата и меѓународната заедница.
Властите распоредија десетици илјади полицајци и војници во градовите за да ја гарантираат безбедноста за време на изборите.