Рускиот претседател Владимир Путин потврди дека 755 американски дипломати треба да ја напуштат Русија, што, според него, е „чувствително количество“, пренесе ТАСС.
– Што се однесува до другите можни мерки или дали тоа е многу или малку, од гледна точка на работата на дипломатското претставништво, ова е многу чувствително прашање. Бидејќи стотици непотребни соработници – дипломати и технички персонал – работеа и се уште работат во Русија, 755 треба да ја прекинат својата активност во Руската федерација, рече Путин во интервју за Федералната државна радио и телевизија.
„Ова е чувствително“, рече тој
– Русија е способна да наметне дополнителни санкции кон САД, но нема да го стори тоа, затоа што тоа ќе им наштети на меѓународните односи, изјави Путин
„Ние, се разбира, имаме што да кажеме и да ги ограничиме таквите сфери на активности од нашата соработка, кои ќе бидат чувствителни за американската страна. Но мислам дека тоа не е потребно, тоа ќе им наштети и на развојот на меѓународните односи“, изјави Путин во интервјуто.
Според него, дури и да дојде до промена во односите меѓу САД и Русија, тоа нема да се случи во скоро време.
„Ние доста долго чекавме да настапи промена кон подобро (во односите меѓу САД и Русија), потхранувавме надеж дека ситуацијата ќе се промени. Но, по се, се чини, дека дури тоа и да се случи, нема да е во скоро време“, изјави тој.
Путин, сепак, изјави дека САД и Русија ќе постигат резултати во соработката дури и „ во оваа доста тешка ситуација“.