Катар склучи денеска зделка со Италија за седум воени бродови во вредност од пет милијарди долари, изјави катарскиот министер за надворешни работи, Мохамед Амбдулрахман ал Тани.

Катар е изолиран од арпаските соседи во Персискиот Залив.

Ал Тани ја потпиша спогодбата заедно со италијанскиот министер за надворешни работи Анџелино Алфано, кој е во посета на Доха.

Алфано изјави по потпишувањето дека Рим е заинтересиран за развивање на соработката со Катар во сферата на одбраната и економијата.

Катар е изолиран од арпаските соседи во Персискиот Залив, а за таа криза Алфано истакна дека Италија не сака ескалација и оти решението треба да биде пронајдено прелу дипломатија.

Според него земјите од регионот треба да се обединат во борба против заедничкиот непријател – тероризмот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/08/2017 16:47