Турскиот врховен воен совет на денешното годишно заседание одлучи да ги смени командантите на копнените, воздушните и поморските сили.
Началникот на Генерал штабот Хулуси Акар ќе остане на чело на Армијата до 2019 година.
Советот по четиричасовната седница донесе одлука, а таа ќе биде испратена на одобрување до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Командатот на силите на жандармеријата генералот Јашар Ѓулер се очекува да го заземе местото на командатот на копнените сили, функција, која досега ја извршуваше генералот Салих Зеки Чолак, пишува „Хуриет дејлу њуз“.
Генералот Хасан Кучукакјуз ќе биде назначен на местото на досегашниот коменатот на воено воздухопловните сили генерал Абидни Јонал.
Вицеадмиралот Аднан Јозбал ќе биде назначен за командантот на воено поморските сили, а адмиралот Булет Бостаноглу, кој досега ја вршеше оваа фуниција заминува во пензија.
Одлуките ќе бидат офцијално соопштени, откако ќе бидат одобрени од Ердоган.
Со седницата на Советот претседаваше премиерот Бинали Јилдирим.