Во касарната "Маршал Тито", денес "Илинден", првата класа регрути од регрутниот состав на Армијата на Република Македонија ја даде својата свечена обврска.
За прв пат на Македонски јазик, за прв пат пред Македонското знаме, за прв пат Македонските војници се обврзаа дека ќе ја бранат слободата, сувереноста и територијалниот интегритет на Република Македонија.