Романската Национална дирекција за борба против корупцијата покрена обвинение против поранешниот градоначалник на градот Каракал, Георге Ангел за сторени вкупно 1.011 кривични дела.

Како што објави весникот „Гандул“, антикорупциската комисија го товари Ангел дека формирал „организрана криминална група“ составена од повеќемина вработени во градската управа, со кои ги извршил 1.011-те кривични дела за кои е обвинет.

Според антикорупционерите, со злоупотребата на својата позиција, Ангел и нанел штети на државата во износ од над пет милиони леи (речиси 1,1 милиони евра).



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2017 16:17