Фудбалерите на Атлетико Мадрид го освоија подготвителниот турнир Ауди куп во Минхен со победата над Ливерпул од 5-4 на пенали.

Во регуларниот дел на натпреварот резултатот беше 1-1, а изведувањето на пеналите единствено не погоди Џордан Хендерсон во втората серија.

Атлетико на „Алијанц арената“ поведе во 33-тата минута, кога Кеиди Баре одбиената топка со глава ја смести во мрежата.

Ливерпул до изедначувањето стигна седум минути до крајот на мечот пенал, Ориги беше соборен во казнениот простор на Атлетико, а од 11 метри сигурен беше Роберто Фирмино.

Атлетико натпреварот го почна со поставата: Моја – Гонсалес, Лукас, Хименес, Врсаљко – Боре, Томас, Фернандес, Краневитер – Вјето, Кореа, додека првите 11 кај Јирген Клоп ги сочинуваа: Ворд – Милнер, Клаван, Гомес, Фланаган – Вајналдум, Џан – Мане, Вудбурн, Лалана, Соланке.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2017 16:33