На финалниот натпревар од Супер купот во 1991 година, Манчестер ја совлада Црвена Ѕвезда со 1:0 и со тоа ја обезбеди досега единствената титула од ова натпреварување.
Уште во втората минута од натпреварот по нафрлената топка од слободен удар, Белодедич играше со рака во својот шеснаесетник со што беше досуден удар од единаесет метри. Одговорноста во свои „раце“ ја зема капитенот на Црвените ѓаволи Стив Брус, но голманот на Црвена Ѕвезда Звонко Милојевиќ со прекрасна парада го одбрани пеналот и не дозволи Јунајтед да дојде во водство уште на самиот старт на натпреварот.
Единствениот гол на натпреварот падна во 67 - та минута, повторно по слободен удар. Откако Брајан МекКлер беше фаулиран на 30 метри од голот на Милојевиќ, Денис Ирвин нафрли во шеснаесетникот а по лошата интервенција на Радиновиќ, кон голот шутираше Марк Хјуџес кој ја погоди стативата а на одбиената топка налета МекКлеир кој немаше тешка задача и само ја внесе топката во празниот гол на Црвена Ѕвезда.
Погледнете ги најинтересните моменти од освојувањето на првата титула на Манчестер Јунајтед во Супер купот.