Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа се закани дека Северна Кореја ќе се соочи со „оган и гнев каков што светот не видел досега“ доколку повторно им се закани на САД, на што Пјонгјанг одговори дека „внимателно разгледува“ план за напад врз американската пацифичка територија Гуам.
- На Северна Кореја би и било најдобро повеќе да не им се заканува на САД, затоа што ќе ги снајде оган и гнев каков што светот не видел досега, изјави Трамп.
Тој претходно изрази задоволство што и други земји се заангажирале околу проблемот со Северна Кореја, само неколку дена откако Советот за безбедност на ОН воведе нови санкции кон Пјонгјанг поради последните балистички ракетни тестови.
- По долги години неуспеси, државите од светот конечно се здружија со цел конечно да се справат со опасноста што ја претставува Северна Кореја. Мораме да бидеме остри и решителни, напиша Трамп на својот налог на Твитер.
Само неколкуѕ часа по заканата на Трамп со „оган и гнев“, се огласија и властите во Пјонгјанг најавувајќи дека Северна Кореја „внимателно разгледува“ план за напад врз островот Гуам, територија на САД во Тихиот Океан.
Севернокорејските медиуми пренесоа изјава на претставник на Армијата на Северна Кореја кој тврди дека „планот за напад ќе биде спроведен во дело во повеќе правци и тоа веднаш“ што за такво нешто донесе одлука лидерот Ким Џонг-ум.
Друг претставнинк на Армијата пак изјави дека Северна Кореја би можела да изврши „превентивна операција“, доколку САД покажат „знаци на провикација“.