Катар денеска воведе безвизен режим за државјани од 80 земји со цел да го стимулира воздушниот сообраќај и туризмот во земјата, која во моментов е изолирана поради обвиненијата од страна на соседите за поддршка на тероризам.

– Безвизната шема ќе му овозможи на Катар да стане најотворената земја во регионот, изјави претставникот на катарското Министерство за туризам Хасан ал Ибрахим.

– Државјаните од 80 земји во светот единствено ќе мора да покажат валиден пасош при влезот во Катар, наведе Мухамед Рашед ал-Мазруеј од катарското Министерство за внатрешни работи.

Најновиот режим, што веднаш стапува во сила, ќе важи за земјите од Шенгенската зона на Европската унија, други западни земји, државите од Латинска Америка, Азија, но и Либан.

На државјаните од 33 земји ќе им биде овозможено, без виза, да престојуваат во Катар во времетраење од 180 денови, додека граѓаните од останатите 47 земји, меѓу кои и државјаните на Македонија, ќе имаат можност да останат во земјата до 30 денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2017 17:38