Романија ќе инвестира 123 милиони евра за четири стадиони во Букурешт, на кои ќе се тренира за време на Европското првенство во фудбал во 2020 година.
Министерот за млади и спорт Мариус Дунка наведе дека за ремонт и модернизација на четирите стадиони – Генча, Џулешт, Триумфална арка и Динамо ќе бидат потрошени вкупно 123 милиони евра.
Во Романија ќе се играат четири натпревари од ЕУРО 2020 – три во групна фаза и еден од осминафиналната фаза.
Натпреварите ќе се играат на стадионот Национална арена, кој исто така ќе биде модернизиран, а четирите стадиони ќе бидат користени за тренинзи на екипите.