Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека има многу голем ризик од воен судир за севернокорејската ракетна програма, како и дека Москва е многу загрижена заради заканите со напад што си ги разменуваат Пјонгјанг и Вашингтон.

– Посилната и попаметната страна мора да го преземе првиот чекор за да ја ублажи кризата, рече Лавров на форум за руски студенти, пренесоа британските медиуми.

Тој ги охрабри Пјонгјанг и Вашингтон да му се придружат на руско-кинескиот план, според кој Северна Кореја треба да ги откаже ракетните проби, а САД и Јужна Кореја да воведат мораторијум на воени вежби оф големи размери.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2017 15:58