Околу 700 лица, во најголем дел туристи, синоќа се евакуирани на Корзика поради шумските пожари.

Тие се евакуирани, откако ветровите кои дуваат до 120 километри на час ги проширија двата пожара.

Во местото Пијетракобабр на источниот брег на островот, беснее оган, кој претходната ноќ, во екот на туристичката сезона, се разгоре во Нонца.

Пожарот го загрози местото Сиско, а неколку регионални патишта се затворени за сообраќај, изјавија очевидци и регионалните власти.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/08/2017 10:46