Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Мајк Помпео изјави денеска дека не би бил изненаден доколку Северна Кореја тестира уште една ракета, со оглед на тоа дека во јули извршила две ракетни проби.

- Мошне сум сигурен дека ќе продолжи со напорите со цел развивање на својата ракетна програма, па не би ме изненадила уште една ракетна проба, рече Помпео денеска за Фокс њуз, потсетувајќи дека лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун минатиот месец извршил две ракетни проби.

Реториката на релација САД - Северна Кореја изминатите денови е заострена, при што американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека САД се подготвени за воена акција „ако Северна Кореја постапи неразумно“, а Пјонгјанг се закани со ракетен напад врз американската територија Гуам.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2017 16:43