На Балканското првенство во Црна Гора Македонските Кендо репрезентативци освоија трето место односно бронзен медал.
Во конкуренција на Црна гора како домаќини на ова првенство, Србија, Турција, Романија, Хрватска и Бугарија, Македонија го освои бронзениот медал.
Владимир Кесковски, Андреј Атанасов, Матеј Ивановски, Александар Петрески и Владимир Пешков ги бранеа боите на Македонската Кендо репрезентација, а одличните настапи на македонските репрезентативци беа крунисани со одличното трето место и бронзен медал, иако во полуфиналето малку недостасуваше да се надмине успехот од минатото првенство со пласман за борба за едно од првите две места. Македонските репрезентативци ремизираа против Србија но на крај одлучија поголемиот број на ипони во корист на Српската репрезентација.
Во останатите натпревари, Македонија успеа да ги совлада првиот и вториот тим на Хрватска а ремизираше со Црна Гора.
Македонските Кендо репрезентативци се покажаа во одлично светло а во настапите се издвоија Матеј Ивановски и Владимир Кесковски кој доби и награда за борбен дух. За забележување е настапот на Владимир Пешков (Легијата) кој дебитираше на Балканското првенство и оствари 6 победи и само еден загубен меч.
Македонската Кендо Федерација е со двојно помала традиција од останатите федерации на Балканот но со најбрз и квалитетен развој исто така.
Златото отиде во рацете на Српските репрезентативци, среброто заврши кај Романците а без медали останаа Црна Гора, Хрватска, Бугарија и Турција.