Седум лица од кои едно дете денеска напладне се повредени во тешка сообраќајка која се случила на патарината на автопатот на излез од Скопје кон Тетово.

Како што соопштија од МВР сообраќајката се случила во 12:50 часот кај наплатната рампа Глумово во која патничко возило Пежо Боксер со скопски регистарски ознаки удрлил во комбе Фолксваген Шаран со албански ознаки, а потоа и во кабината за наплата. Повредени се шест возрсни лица и едно дете, сите патници во комбето од Албанија. Тие се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.

Од МВР информираат дека увидот е во тек.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2017 10:29