СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.К.(35) од Прилеп, за сторено кривично дело „измама”.

Пријавениот во текот на 2016 година, лажно се претставувал дека е вработен во МВР, во Управата за безбедност и контраразузнавање, при што измамил женско лице од Велес дека со негово посредство ќе и овозможи да биде зачленета во одредена политичка партијата, а потоа поставена за координатор за град Велес, како и кандидат за пратеник во изборна единица, за што оштетената му дала 700.000 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2017 11:54