Десетгодишно дете пешак се здобило со тешки телесни повреди синоќа во сообраќајна несреќа во Куманово, информираше денеска МВР.

Според полицијата, во детето удрил автомобил „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 30 годишниот Т.О., вчера околку 20 часот во близина на крстосницата на улиците „Доне Божинов“ и „Тодор Велков“ во центарот на Куманово.

Детето е пренесено во Кумановската болица и по укажаната помош е префрелено на една од скопските клинини.

СВР Куманово изврши увид во сообраќајата несреќа.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2017 12:54