Две лица се повредени во сообраќајка што се случи вечерва на булеварот „Македонија” во Кавадарци, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
– Двајцата повредени при судар на две возила, се префрлени во кавадаречката општа болница, изјави Додевски.
Увид на местото на настанот врши увидна екипа од Полициска станица од општа надлежност Кавадарци.