Две обложувалници во Скопје синоќа се ограбени од засега непознати сторители, соопшти полицијата.

Едната кражба се случила во „Златна копачка“ на улицата „Јужноморавски Бригади“ во населбата Ченто околу 20:20 часот кога две непознати лица со закана со пиштол од вработениот одзеле дел од прометот додека трето лице стоело надвор. Разбојниците потоа избегале кон улицата „Маџари“.

Другата кражба била во „Спорт Лајф“ на улицата „Лондонска“ околу 23:40 часот. Непознато лице извршило разбојништво над вработениот и одзело околу 30.000 денари.

Се преземаат мерки за расчистување на двата случаја.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2017 12:35