Директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ за МИА потврди дека денеска имало инцидент во затворот „Идризово“, но оти со подетални информации ќе излезе во текот на утрешниот ден откако ќе направи увид на терен.

– Во текот на утрешниот ден очекувам писмен извештај за настанот од директорот на затворот и заедно со инспектори ќе излеземе на терен за да ја утврдиме состојбата и да испитаме што точно се случило таму, рече Стојановиќ.

Некои медиуми денеска објавија дека тројца затвореници се качиле на покривот на затворот „Идризово“ и фрлале ќерамиди во знак на револт. Тие барале средба со директорот на затворот Ќерим Махмути.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2017 23:11