СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.С. (46) од с.Коњско, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,тешка кражба“ и ,,злоупотреба на службена положба и овластување”.
Пријавениот, вработен како болничар, на 05.овој месец околу 11.25 часот во интерно одделение, откако била констатирана смрт на Т.Ј. (81) од Охрид, одзел пар златни обетки и златен прстен.
Истиот ден околу 14.30 часот во златара пријавениот ги понудил на продажба обетките и прстенот, на вработена којашто била внука на оштетената, и ги препознала.