Се сеќавате ли на емисијата на Македонската телевизија која се емитуваше секоја сабота и каде што сите кои што плаќаа редовно радиодифузна такса беа потенцијални добитници на награди.
Доколку не, тука сме ние да ве потсетиме.
Легендарниот рефрен „оваа сабота, добивки без работа,сабота пред недела леле среќа дебела“ и ден денес се памети а кога ќе се погледне и видеото сигурно ќе ја запеете.
Во изведба на Силви (тогаш уште не беа Силви Бенд) а со нив настапуваше и Мики Јовановски - Џафер, оваа емисија рушеше рекорди на гледаност, а подоцна од „оваа сабота“ емисијата се преименуваше во „Даровизија“.
Секако, не треба да се заборави и легендарниот клип на К-15 насловен како „Даровизија“ со кој се прави целосна пародија на дел од овие емисии.