Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Г.В.(42) од Скопје.
Пријавениот, казненото дело го сторил на 17 јуни оваа година околу 15.00 часот во Кичево при купување производи од брашнара „Јорман Инпекс“. Притоа, тој пуштил во оптек една лажна банкнота во апоен од 100 евра, со сериски број у16716782224.
По преземање на потребните оперативни мерки, полициските службеници го утврдија идентитет на сторителот, набрзо го пронајдоа и го лишија од слобода. Се работи за лице кое сакајќи да се стекне со противправна имотна корист, лажната банкнота сакал да ја претстави како вистинита и свесно ја пуштил во оптек во Кичево.
Банкнотата е одземена и предадена на вештачење во Народната банка на Република Македонија, од каде со експертиза е утврдено е дека банкнотата во апоен од сто евра со серискиот број у16716782224 е фалсификат, не извести портпаролот на СВР-Охрид Стеван Димоски.