Петнаесет лица биле приведени вчера попладне по тепачка меѓу навивачките групи на ФК“Вардар“ и ФК“Шкупи“ на кејот на Вардар во Скопје.

МВР информира дека тепачката почнала околу 15:20 часот во Скопје, а била прекината по интервенција на полицијата.

Приведени биле 15 лица, а по извршениот разговор поднесени се 15 платни налози за констатиран прекршок – насилство и недостојно однесување на спортските натпревари



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2017 12:11