Експлозивна направа била активирана синоќа половина час пред полноќ во семеен двор во скопската населба Сарај, при што бил оштетен дел од куќата и возилото на сопственикот. Во инцидентот нема повредени лица.

Како информираат од МВР за МИА, настанот во полиција го пријавил сопственикот на куќата М.Д. од село Сарај во 23:40 часот.

Увид на местото на настанот извршиле екипи на СВР Скопје и од секторот за антитероризам.

Засега нема информации за тоа кој и зошто ја фрлил експлозивната направа во дворот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2017 10:18