Рано утрово пожар ја зафатил семејната куќа на кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров Владо Мисајловски.

Причинета е голема материјална штета, за среќа нема човечки жртви ниту повредени. Цела покуќнина заедно со опремата во семејната пекара е уништена.

Од раните утрински часови Мисајловски и неговото семејство, и голем број на ѓорчепетровци со тага гледаа како изгореа спомените на детството и младоста во Ѓорче Петров. Владо Мисајловски се држи цврсто, иако на неговото лице се забележува трагање по спомените во семејната куќа која семејството макотрпно, цигла по цигла ја градеше повеќе од 20 години, велат присутните соседи.

Непознати се причините за избувнувањето на пожарот, а мала е веројатноста причината за тоа да биде технички недостаток на инсталациите, бидејќи само пред неколку недели била направена сеопфатна инсцпекција од страна на сите инспекциските органи и тоа на сите инсталации, при што било утврдено дека се е во најдобар ред.

Засега на лице место има екипи на пожарникарните служби. Граѓаните кои се присутни во голем број на лице место гласно негодуваат заради фактот што и неколку часа по пожарот министерот Спасовски сеуште не праќа увидни екипи од крим техника кои би ги утврдиле причините за пожарот, иако тоа е редовна процедура и законска обврска, што отвора сериозен сомнеж и за политичка позадина на пироманскиот поход.

Симптоматично е тоа што денеска во Ѓорче Петров е предвидено да се одржи митинг на кој треба да настапи Владо Мисајловски, кој моментално заедно со голем дел од кандидатите за советници ги расчистуваат остатоците од изгорената куќа.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2017 15:05