Осум лица се здобиле со тешки телесни повреди во вкупно 15 сообраќајни несреќи регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје, а 12 со лесни телесни повреди. Во седум е причинета материјална штета.
Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Од сообраќај се исклучени 19 лица кои го управувале возилото под дејство на алкохол, лица пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и возачи на возило со истечена важност на сообраќајната дозвола, две лица поминале на крстосница на црвено светло, како и едно лице кое непрописно се престроило.
Санкционирано е и едно лице кое поминало вон пешачки премин. Затекнати се 42 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 57 возила.