Македонските екипи Алкалоид и Гамбит Асеко на Европскиот клупски куп што се игра во Анталија во рамките на 4.коло имаа променлив успех. Европскиот првак Алкалоид ја победи француската екипа Ница со 5:1, додека Гамбит Асеко загуби од руската екипа Глобус со 5,5:0,5.

Екипата на Алкалоид забележа пет победи, а триумфи остварија: Динг Лирен, Дмитри Андрејкин, Ју Јангји, Димитри Јаковенко и Јури Криворучко, додека мечот на втората табла го загуби Павел Ељанов.

Во убедливиот пораз на Гамбит Асеко единственото реми го одигра Марјан Митков, додека порази претрпеа: Петар Арнаудов, Никола Николовски, Богдан Подлесник, Орце Данчевски и Дејан Дине



Автор: Администратор
Објавено на: 12/10/2017 08:38