Дваесетидвегодишниот Б.Ј. од скопското село Сопиште, управувајќи патничко возило „Пежо 206“, удрил во три паркирани возила – „Шкода Октавија“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Ј.Ј. (30) од Кратово, „Фолксваген Бора“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Љ.Н. (55) од скопско Стајковци и „Фиат Добло“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од непознат возач.

Како што информира МВР, несреќата се случила ноќеска во 00.05 часот на крстосницата од улиците „Христо Татарчев“, „Сава Ковачевиќ-1“ и „Сава Ковачевиќ-11“ во Скопје.

– По незгодата, со возило на итна медицинска помош Б.Ј. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде му биле констатирани телесни повреди, му била укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување, соопшти МВР.

Возачите Ј.Ј. и Љ.Н. со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им била укажана лекарска помош. На Љ.Н. му биле констатирани телесни повреди и бил пуштен на домашно лекување, а на Ј.Ј. му биле констатирани тешки телесни повреди опасни по живот и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2017 23:43