Четириесет и двегодишната А.Н. од Скопје вчера со нож му нанела убодна рана на И.И. (37), од село Сарај, кој претходно имал вербална расправија со нејзината ќерка К.Б, со која бил претходно во љубовна врска.

Министерството за внатрешни работи информира дека нападот се случил ноќеска во 00.15 часот на ул.„Њу Делхиска“ во Скопје.

Повредениот со возило бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид извршила екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2017 16:24