Во село Брњарци, општина Гази Баба очевидци кажуваат дека се искршени над 40 надгобрни плочи на христијанските гробишта.
Денеска, од МВР излегоа со официјална информација за настанот во кој се вели: Вчера во 16,40 часот во СВР-Скопје, Р.И. пријавил дека во с. Брњарци-скопско, непознати сторители извршиле сквернавење на надгробни плочи и споменици на локалните гробишта. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.