По завршувањето ан последниот бараж за Светското фудбалско првенство во Русија познати се 32 учесника кои ќе бидат распоредени во четири шешири пред извлекувањето на групите.
Ждрепката е закажана за 1 декември.
Во првиот шешир се сместени: Русија, Германија, Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Полска и Франција.
Втор шешир: Перу, Шпанија, Швајцарија, Англија, Колумбија, Мексико, Уругвај и Хрватска.
Трет шешир: Иран, Сенегал, Египет, Тунис, Шведска, Костарика, Данска и Исланд.
Последниот шешир го сочинуваат: Србија, Нигерија, Австралија, Јапонија, Мароко, Панама, Јужна Кореја и Саудиска Арабија.
Мундијалот во Русија ќе се игра од 15 јуни до 14 јули 2018. Бранител на трофејот е Германија.