Поранешниот најдобар фудбалер на светот Рикардо Кака е пред крај на кариера како играч. Тој планира во иднина да стане тренер и сака еден ден со успех да го предводи Милан како што тоа го прави Зинедин Зидан во Реал Мадрид.

Италијанските медиуми јавија дека Бразилецот, по напуштањето на Орландо, по трет пат може да заигра за Милан шест месеци подоцна да стави крај на кариерата во клубот каде што се афирмира.

– Се уште не сум одлучил дали и каде ќе ја продолжам кариерата. Тоа ќе го сторам во следните неколку недели. Би сакал да останам во фудбалот и да бидам тренер. Да го предводам Милан? Зошто не, Милан е во моето срце како и другите клубови за кои сум играл, изјави Кака.

Сака да биде успешен како Зинедин Зидан, а вели дека многу научил за фудбалот од Карло Анчелоти и Жозе Мурињо.

– Зидан е уникатен како играч и како тренер. Вистински човек за таа функција, вели Кака.

35-годишниот Бразилец еден од четирите играчи кои имаат освоено Лига на шампиони (2007 година), Златната топка (2007) и Светското првенство (2007).

Кариерата ја започна во Сао Паоло, а се прослави во Милан, беше дел и од Реал Мадрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2017 11:41