Македонскиот репрезентативец во дресот на Лидс, Езџан Алиоски постигна гол во победата на неговата екипа во дуелот од 17.коло од Чемпионшип лигата во Англија. Лидс го совлада Мидлсброу со 2:1 и со тоа ја прекина серијата од три натпревари со порази, а воедно со 26 бодови се изедначи на табелата со денешниот ривал на делба од 6 до 8 место, каде се наоѓа и екипата на Дерби Каунти.

Алиоски голот го постигна во 54.минута за водство на неговиот тим од 2:0, откако претходно стрелец на првиот гол за Лидс беше Пабло Хернандез. Голот за Мидлсброу го постигна Брит Асомбалонга од пенал во 78.минута.

Ова за Алиоски е трет гол во лигашките натпревари, а втор на последните два натпревара.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2017 11:03