На дерби натпреварот помеѓу Вардар и Пелистер, навивачката група „Комити“ славеше 30 години од своето постоење и одбележа 70 години од формирањето на клубот.

Западната трибина од арената „Филип Втори“ гореше од баклите на најверните фанови на Вардар.

Уште долго ќе се прераскажува вечерашниот спектакл по кој ниту еден на стадионот не остана рамнодушен. Комити направија фешта, а Вардар им возврати со победа во македонското вечно дерби.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2017 11:09