Винченцо Монтела повеќе не е тренер на Милан, откако раководството на росо-нерите му додели отказ. Челниците на клубот претпладнево одржаа состанок и одлучија да го отпуштат тренерот.
Милан е во многу лоша форма, а тренерското место на Монтела „висеше“ постојано повеќе од еден месец, за конечно да попушти трпението на раководните лица.
Тимот не игра според очекувањата, резултатската криза трае долго, навивачите се незадоволни и овој чекор е очекуван.
Италијанските медиуми шпекулираат дека новиот тренер на Милан ќе биде Џенаро Гатузо.
Милан вчера одигра 0:0 на домашен терен со Торино. По 14. коло поранешниот италијански шампион се наоѓа на 7. место со 18 бодови заостанување зад лидерот во Серија А, тимот на Наполи.