Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон е прогласен за најдобар играч, а предводникот на Наполи Маурицио Сари, за најдобар тренер во Италијанското фудбалско првенство за изминатата сезона.

Јувентус беше избран за најдобар тим, а шест фудбалери на „старата дама“, четири од Наполи и Раја Нинголан од Рома се најдоа во идеалниот тим.

Победници во различни категории:

Идеален тим на годината во Серија А: Буфон (Јувентус), Алвес (Јувентус), Бонучи (Јувентус/ Милан), Кулибали (Наполи), Сандро (Јувентус), Наинголан (Рома), Пјаниќ (Јувентус), Хамшик (Наполи), Мертенс (Наполи), Игуаин (Јувентус), Дибала (Јувентус).

Играч на годината: Џанлуиџи Буфон (Јувентус).

Тим на годината: Јувентус.

Тренерот на годината: Маурицио Сари (Наполи).

Фудбалерка на годината: Алија Гуани (Фиорентина).



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2017 22:39