Садио Мане, фудбалерот на Ливерпул, изјави дека расправата меѓу него и менаџерот Јирген Клоп на натпреварот против Челзи избила поради неговата позиција, но дека сè било решено на пријателски начин.

Фудбалерите на Ливерпул и на Челзи одиграа нерешено 1-1 во дербито на 13-тото коло во англиската Премиер лига. Натпреварот го одбележа и расправата на Клоп со Мане, кој во игра влезе дури во 89-тата минута.

„Ми рече да играм по десното крило, а еднаш ја барав топката на позицијата на деветката... Салах беше на мојата страна и Клоп ми повтори да преминам на десната страна. На крајот му реков дека би било полесно да му речеше на Салах да се премести бидејќи беше поблиску. Сепак, тоа беше сè во пријателски тон, не бев незадоволен или слично“, изјави Мане.

Ливерпул во наредниот натпревар во четврток ќе игра против Стоук.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2017 22:45