Унгарскиот ракометен шампион Веспрем претпладнево на официјалниот клупски сајт потврди дека голманот на Вардар, Арпад Штербик од следната сезона ќе биде нивни член.

Официјално, Штребик и Веспрем потпишаа договор за двегодишна соработка кој стартува на 1 јули 2018 година.

- Имав неколку понуди, но не можев да го одбијам повикот на Веспрем. Во текот на мојата кариера во животот, секогаш се борев за највисоките цели. Телеком Веспрем е еден од најдобрите европски тимови со години, па затоа немав дилеми каде да ја продолжам кариерата, изјави 38-годишниот Штербик.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2017 11:58