Интер го победи Киево со 5:0 и се искачи на првото место на табелата во Серија А, прв пат по речиси две години.

Калчолигашот предводен од Лучијано Спалети го прескокна Наполи кој во петокот го загуби (0:1) дербито со Јувентус.

Во триумфот над Киево, Перишиќ постигна три гола, по еднаш погодија Икарди и Скринар.

По 15 кола, Интер е лидер на табелата со 39 бода, Наполи е втор со 38, Јувентус трет со 34. Кругот на кандидати за освојување на Скудетото се затвора со римските екипи Рома и Лацио кои имаат по 34, односно 29 бода, но и натпревар помалку.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2017 02:10