Домаќинот на Светското клупско првенство екипата на Ал Џазира во првиот натпревар на турнирот постигна победа над Оукленд (шампион на Океанија) од 1:0 и се избори за четвртфиналето во кое во сабота (9.декември) ќе игра против првакот на Азија Урава Ред.

Стрелец на победничкиот гол беше Ромарињо во 38.минута.

Во второто четвртфинале истиот ден ќе играат Пачука (првак на КОНКАКАФ) и Видад Казабланка (првак на Африка).

Директен пласман во полуфиналето имаат обезбедено Гремиот шампионот на Јужна Америка и европскиот првак Реал Мадрид.

Титулата во ова натпреварување ја брани Реал Мадрид.

Финалето ќе се одигра во Абу Даби на 16.декември.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/12/2017 03:17