Кристијано Роналдо, фудбалерот на Реал Мадрид, стана првиот играч во историјата на групната фаза на Лигата на шампионите кој успеал да постигне гол на сите шест натпревари.

Роналдо ги постигна двата гола во првото коло против АПОЕЛ, потоа два на гостувањето во Дортмунд, потоа еден во ремито со Тотенхем.

Потоа следуваше натпреварот со Тотенхем во Лондон, во којшто Реал беше поразен, но Португалецот сепак успеа да постигне гол.

Во минатото коло постигна два гола во натпреварот против АПОЕЛ, а сега беше стрелец и против Дортмунд. Засега, Роналдо постигна девет погодоци во групната фаза.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2017 01:35