Ретро видео во кое можеме да видиме како Маршалот Јосип Броз Тито ја дочекува Новата година во присуство на неговата сопруга Јованка во Љубљана, Словенија во 1972 година.

На видеото се забележува традиционалното „балканско“ бакнување за поздрав и честитка, новогодишна елка без сијалички и чат пат некој лампион како и опасно танго во главна улога на Тито и Јованка.

Одлична можност за повозрасните генерации да се потсетат како се славело во „нивно“ време.

Бонус видео: Новогодишен ТВ Дневник на РТС Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2017 00:20