Доскорешениот Министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Македонија, Самка Ибраимовски кој пред две недели си поднесе оставка од Министерската позиција и го прифати пратеничкиот мандат, растеретен од работните обврски, се забавуваше во пресрет на Новата Година во едно од скопските кафулиња.
На социјалната мрежа твитер се појави видео, од негов соло музички настап, каде што ја пее песната “Ја немам више разлога да живим“ од Мишо Ковач.
Ако химната на Стевче Јакимовски после локалните избори во 2013 година беше „Неможе нам нико ништа, јачи смо од судбине“ химната на Самка Ибраимовски по давањето оставка од Министер е „Ја немам више разлога да живим“ :D :D :D
Видеото е превземено од твитер профилот на хунта .