Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков денеска го објави поширокиот список на кошаркари повикани за вториот прозорец во рамки на претквалификациите за Евробаскет 2021. Меѓу 23-та е и Лестер Бо Мекејлеб.

Повик од Давитков добија следниве играчи:

1. Војдан Стојановски (Демир Инсаат Бујукчекмеџе)

2. Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)

3. Александар Костоски (БЦМУ Питешти)

4. Дарко Соколов (МЗТ Скопје Аеродром)

5. Адем Мекиќ (Куманово)

6. Бобан Стајиќ (Куманово)

7. Андреј Магдевски (Гостивар)

8. Ненад Димитријевиќ (Хувентуд)

9. Димитар Караџовски (Куманово)

10. Стојан Ѓуроски (Блокотехна)

11. Диме Тасовски (Гостивар)

12. Бојан Трајковски (МЗТ Скопје Аеродром)

13. Марко Симоновски (МЗТ Скопје Аеродром)

14. Кирил Николовски (Работнички)

15. Ѓорѓи Чековски (Работнички)

16. Љубомир Младеновски (Илирија Љубљана)

17. Бојан Крстевски (Работнички)

18. Александар Штерјов (Куманово)

19. Марјан Јанески (Куманово)

20. Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром)

21. Ричард Хендрикс (Галатасарај)

22. Лестер Бо Мекејлеб (Сарагоса)

23. Џордан Теодор (Армани Милано)

Во рамки на овој прозорец Македонија ќе одигра само еден натпревар, на домашен терен, против селекцијата на Словачка која во првиот прозорец ја совлада на гостински терен со 74:66. Натпреварот ќе се одигра на 25 февруари во спортскиот центар „Јане Сандански“.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2018 01:52