Секири, ножеви, метални шипки биле употребени, во групна тепачка што се случила помеѓу две семејства во вторникот во населбата Шуто Оризари. Причина за нетрпението било бегство на девојка од Куманово, која заљубила момче од Шуто Оризари. По тепачката, интеревнирале патроли од агенција за обезбедување, специјалната полициска единица Алфа, а поради здобиени повреди на неколкумина кои учествувале во тепачката интервенирале и екипи на Брза помош.
Кумановецот, чија 19 годишна ќерка пред извесно време побегнала за скопјанецот, дошол во населбата со намера да ги средат односите со зетот. Но, наместо да го решат проблемот, тие се степале.
Околу 20 часот, според записникот на полицијата, кумановецот со автомобил „голф“ во кој се наоѓале неговата сопруга, синот и братот, пристигнале во населбата Шуто Оризари на претходно договорена средба. Но наместо ракување и смирување на ситуацијата, зетот со дрво му нанел повреди по главата и телото. Кога забележале што се случува и роднините на кумановецот кој биле во возилото, но и познаниците на зетот се вмешале, па дошло го групна тепачка.