Сопружници од Делево вчера пријавиле во полиција дека, додека не биле дома, семеен пријател блудничел врз нивното малолетно девојче.

Децата на возраст од 12 и 14 години биле дома со нивниот дедо, кога дошол семејниот пријател. Околу 22:30 часот, синот им кажал на родителите кои во меѓувреме се вратиле, дека, пријателот ја допирал сестра му по телото во дневната соба и и рекол да не кажува никому.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Делчево. Лицето е повикано и задржано во полиција. Против него ќе биде поднесена кривична пријава и во текот на денот ќе биде изнесен пред судот во Кочани.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2018 14:19