Пешак се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно девет сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во три сообраќајки со полесни повреди се здобиле шест лица, а во пет била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, осум возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престројување и двајца возачи за неправилно престигнување. Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.

Од сообраќај биле исклучени двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 25 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи почетници, како и две технички неисправни возила, 20 нерегистрирани возила и едно возило за претовар. Затекнати биле 94 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 90 возила.

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативна работилница со учениците од второ одделение во ООУ „Војдан Чернодрински“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2018 10:07