Триесетгодишен пешак е тешко повреден откако ноќеска пет минути по полноќ во него удрило возило „фиат брава“.
Пешакот М.Г. од Скопје е пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Сообраќајната незгода се случила на крстосницата од булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ со улицата „Крушевска Република". Возилото било управувано од страна на 47-годишениот Д.М.
Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи во Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.